Sunday, June 5, 2011

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЦИВИЛ ВО 20 ЧАСОТ

Цивил ќе одржи прес конференција во 20 часот, во кафулето „Мистер Џек“, на која ќе ги соопшти прелиминарните согледувања од изборниот ден во Република Македонија.
Во меѓувреме, до Цивил стигнуваат дојави за помали инциденти, притисоци и други нерегуларности на секои три до четири минути од целата земја.
Засега, имаме информација за само еден инцидент кој вклучува оружена закана. Едно вооружено лице (неуниформирано) во Куманово, се заканувало со оружје и агитирало за одредена политичка партија.

ДОПОЛНУВАЊЕ ВО 12:02 ЧАСОТ


Време на дојава: 11.22 часот
Арачиново
Тимот на Цивил во Арачиново јавува за вербални препирки меѓу селаните во изборното место 2334 во општината, при што имало и полициска интервенција. Моменталната ситуација е мирна.

СООПШТЕНИЕ НА ЦИВИЛ ВО 12 ЧАСОТ

ИЗБОРИ БЕЗ НАСИЛСТВО 2011
Скопје, 05 јуни 2011

Време на дојава: 10.15 часот
Шуто Оризари – Скопје
Набљудувачите на Цивил во Шуто Оризари јавуваат дека, претседателот на една партија, бил нападнат од 40-тина активисти друга партија, синоќа околу 1.30ч. по полноќ. Според портпаролот на таа партија, тој се здобил со физички повреди на окото и бил хоспитализиран во градска болница, по што е пуштен дома.

Време на дојава: 10.50 часот
Кичево
Тимот на Цивил од Кичево јави дека во близина на изборното 0734 присутни се активисти на една партија со што вршат влијание врз гласачите. На ова се пожалил член на избирачкото место 0734.

Време на дојава: 10.55 часот
Чашка
Според анонимна дојава до Мобилниот тим на Цивил, секретарот на една партија во општина Чашка добил закани од активисти на друга партија дека „ќе биде искршен сосе избирачките кутии“.
Исто така, забележано е дека градоначалникот врши притисок граѓаните да не излезат на гласање.
Овие две информации не се потврдени од тимот на Цивил.

ЦИВИЛ НА ДЕНОТ НА ГЛАСАЊЕ


Цивил – Центар за слобода ги информира сите граѓани дека во текот на изборниот ден (05 јуни) ќе објави соопштенија за јавност за текот на гласањето од аспект на избори без насилство во 12:00 часот и 17:00 часот, а прелиминарна изјава ќе даде на прес-конференција во 20:00 часот во кафулето “Мистер Џек“.
Цивил, во текот на изборниот ден, ќе биде присутен на целата територија на Република Македонија, а за пријавување, добивање или давање на информации поврзани со текот на изборите ќе биде достапен 24 часа на дежурните телефони на Мобилниот тим – 075 329070, 075 846211 и 075 742113.

Илир Ајдини, PR Менаџер
075/742445
Ирена Спирковска, PR Асистент
075/742656

ГРАЃАНИТЕ САКААТ ИЗБОРИ БЕЗ НАСИЛСТВО


Цивил – Центар за слобода им се заблагодарува на сите граѓани кои со потпишувањето на петицијата за ненасилни избори изразија безрезервна поддршка за одржување на Избори без насилство 2011.
Се надеваме дека искажаниот интерес на граѓаните да ја потпишат оваа петиција им праќа порака на директните учесници во изборите дека очекуваме мирно и цивилизирано гласање, без насилство, употреба на оружје и каков било вид на притисок во текот на изборниот ден.

Friday, June 3, 2011

НАСИЛСТВОТО ЈА УБИВА ДЕМОКРАТИЈАТА

Цивил – Центар за слобода уште еднаш апелира за мирни и ненасилни избори. Бараме од партиите да се воздржат од секаков вид насилство, закани, заплашување и уцени.
Само со ненасилни, фер и демократски избори може да се добие легитимна власт и никако поинаку.
Ја потсетуваме Владата и сите нејзини институции дека тие се најодговорни за спроведување ненасилни, фер и демократски избори.
Потсетуваме и апелираме до граѓаните дека изборите се празник на демократијата и дека никој не смее да им го загрози тоа право во ниедна смисла на зборот“ – изјави Џабир М. Дерала, Претседател на Цивил – Центар за слобода. Насилството ја убива демократијата и го сопира развојот.

Канцеларијата на Цивил – Центар за слобода ќе биде отворена за новинарите цел ден в недела до доцните вечерни часови. Тие, како и секогаш досега ќе можат да побараат информација или изјава во секое време од денот и ноќта.
Прес конференција со прелиминарни податоци и коментари за квалитетот на изборниот процес ќе одржиме во 20 часот на терасата на кафулето Мистер Џек.